Публиката на натпреварот во средното училиште во Семинола, Флорида, беше сведок на детално испланирана егзебиција.
Еден маж решил дека натпреварот во американски фудбал е вистинското место да го покаже своето голо тело и атлетските способности, па се соблекол и гол истрчал на терен.
Се испланирал до ситница, лицето го скрил со прекривка на главата, ловењето по теренот го избегнал со врвни тркачки маневри, а од другата страна на оградите (од кои едната е висока 2 метри) го чекал автомобил за бегство и комплетно исполнување на добро осмислениот план.