Министерството за внатрешни работи на Мексико соопшти дека е пронајден украдениот камион, кој пренесувал опасен радиоактивен материјал „иридиум 192“ и дека нема знаци за опасност по населението.
Националниот координатор за цивилна заштита, Луис Фелипе Пуенте на социјалната мрежа „Твитер“ бргу по исчезнувањето објави дека камионот е пронајден, но дека радиоактивниот материјал се уште се води како исчезнат.
Неколку часа подоцна тој потврдил дека и радиоактивниот материјал е пронајден, пренесе „Франс прес“.
-Контејнерот не е оштетен, тој го содржи материјалот. Бидејќи не се забележани промени, не постои опасност за луѓето- наведе Пуенте во интервју за мексиканската телевизија „Миленио“.
Украдениот материјал кој бил наменет за индустриска радиографија, бил во специјален контејнер и доколку истиот бил оштетен, би можел да претставува опасност за луѓето.
Е. Г.