(ВИДЕО) Алиу: ДУИ е за на Параолимпијада, осакатени се

Од:

Комплетната опозиција, не сакајќи да учествува во игрите и договорите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, не влезе во салата за гласање на Законот за следење на комуникации.

Во салата беа само ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со 65 пратеника, недоволно за гласање на овој дво-третински закон.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, упорно ги повикуваше опозиционерите да влезат во салата, затоа што вели дека ги видел дека се пред врата, а законот е дел од патоказот на Република Македонија.

Имер Алиу по гласање влезе и потсети дека во понеделникот ДУИ гласале против, во вторникот соопштиле дека ќе блокираат и не влегоа во салата, а денеска влегоа за да гласаат.

„Ова е целосно компромитирање на ДУИ, и се гледа кој ја блокира работата на Собранието.Од се ретерирате. Напуштете ја Владата сега. Ако ви фрлил Груевски некој тендер, од тоа страдаат сите албанци“, рече Имер Алиу.

„Ние остануваме доследни, и остануваме благодарни за поддршката да се блокира носењето на Законот за бранители. Напуштањето на Влада нема да го спречи носењето на законот по етничка основа.Битката против законот не е завршена.Битката нема да заврши позитиво, со носење на законот“, рече Ермира Мехмети, од ДУИ.

„Вие сте за на Параолимпијада, вие сте осакатени. ДУИ не се сериозни. Нема да дозволиме ние, да се донесе законот, од нас ќе видите како се блокира оваа антиалбанска држава“, вака Имер Алиу реплицираше на ДУИ.

„Ние не го бојкотираме Собранието, тука сме во зградата на законодавниот дом, но додека не добиеме прецизен одговор дали ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат сите владини закони не влегуваме во собраниската сала“, изјави Игор Ивановски.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски