Во Охрид спомен обележје за Водици

Од:

На градското пристаниште во Охрид денеска ќе биде осветено и отворено спомен-обележје посветено на православниот христијански празник „Богојавление-Водици“.

Автор на скулптурата е академскиот скулптор Ангел Коруновски од Велес, а скулптурата е поставена на рељефен постамент со ранохристијански и богојавленски мотиви.

Спомен обележјето, што го симболизира вадењето на светиот крст од осветените води на Охридското Езеро, е донација Ванчо Чифлиганец, кум на Водици-Охрид 2012 и генерален директор на градежната компанија Адора Инженеринг.

Иницијатор покрај Чифлиганец е и  здружението за целосна афирмација на МПЦ Богојавление-Охрид, во соработка со Општина Охрид.

Спомен обележјето ќе го осветат свештеници на Дебарско-Кичевската Епархија предводени од митрополитот Тимотеј, а симболично ќе го отворат градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и Чифлиганец.

Отворањето на спомен-обележјето „Богојавление-Водици“  е во рамките на манифестацијата „Бело лето“, со што симбилично се означува почетокот на главната туристичка сезона во Охрид.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија