Отворање на 21. Интернационална кичевска ликовна колонија

Од:

Во Куќата на уметноста во кичевското село Кнежино денеска попладне ќе биде отворена 21. Интернационална кичевска ликовна колонија, на која ќе учествуваат 25 ликовни уметници, академици и професори од Македонија и од 17 земји во светот.

Добредојде на учесниците и плодна работа ќе им посака идејниот творец на Колонијата,  Владимир Толески, претседател на Управниот одбор на а.д. „Тајмиште“.

Целта на Колонијата е да го поттикнува, развива и унапредува ликовното творештво, да ги збогатува постојните ликовни фондови со нови современи уметнички творби.  Таа непрекинато се одржува 21 година и се смета за  една од најдобрите ликовни колонии на Балканот.

Досега се создадени над илјада уметнички дела, а во депото во Куќата на уметноста има над 800 дела од светски познати мајстори.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка