Завршил во затвор бидејќи на поранешната сопруга непрекинато и нарачувал пици

Од:

Белгиецот Самуел Н. е осуден на условна казна затвор во траење од две години бидејќи ја малтретирал својата поранешна сопруга така што непрекинато и нарачувал пица на домашната адреса.

Самуел во текот на една година на поранешната сопруга и приредил вистински пекол. Освен што и телефонирал во секој период од денот и ноќта, и и упатувал расистички навреди, одмаздољубивиот 40-годишник и нарачувал пици кои и се доставувани на нејзина адреса.

Жртвата добивала десетина различни пици. Иако не се наведува причината за неговото чудно однесување, се знае дека ова не му е прво „гастрономско злосторство“.

Самуел веќе помина еден месец зад решетки поради кражба на колбаси во супермаркет. Освен условната казна затвор, судот во Турне му изрече забрана за приод во домот на поранешната сопруга и праќање какви било пратки.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ