Дачиќ: Независноста на Косово процес кој се движи

Од:

Првиот потпретседател на српската Влада и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ оцени денеска дека „независноста на Косово е процес кој се движи напред“, бидејќи полека ги опфаќа институциите и организациите на меѓународно ниво, каде Србија не може да го спречи неговиот прием.

Дачиќ, гостувајќи во емисијата „Показалец“ на ТВ Б92 изјави дека во изминатиот период е водена и погрешна политика кон ситуацијата на Косово, која имала концепција без консеквенци.

– Нашата концепција беше да не ја признаеме независноста на Косово. Тоа го имаме напишано, го велиме колку да се каже, а тоа го мисли и меѓународната заедница. Сега не зборуваме на таков начин, туку сме активни учесници во процесот, а претходно не бевме. Наша задача е да најдеме и бараме решение, главен адут ни се Обединетите нации. Тие можат да добијат членсво во меѓународните организации, но во ОН не можат да влезат без согласност на земјите кои се на наша страна, рече Дачиќ.

Тој додаде дека Србија е заинтересирана за продолжение на дијалогот со Приштина, но дека тоа сега зависи од формирањето на косовската Влада и оти Србија поради оваа ситуација трпи во пристапните преговори со ЕУ, бидејќи не може да го отвори Поглавјето 35.

Дачиќ изјави дека е рано да се говори за учеството на Србија во косовската Влада, но повтори дека ставот на Белград е дека доколку се постигне таков доовор, косовските Срби треба активно да учествуваат во работата на косовскиот Парламент и Влада заради остварување на што поголемо влијание.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ