Грчките анархисти присутни во Берлин

Од:

Во Берлин е запален трет автомобил на грчката дипломатска мисија, а зад нападот стои грчката анархистичка организација „Заговор на јадрата на огнот“, јави Дојче веле.

Оваа организација во писмото, кое кружи на Интернет појаснува дека тоа е одговор на апсењето на нејзин приврзаник во Грција.

Грчките анархисти службеното возило на конзулот го запалиле на почетокот на неделата, пред неговиот стан, како што тоа беше случај и во претходните два напади. Во октомври 2012 година е запален автомобилот на грчкиот воен аташе во Германија, а потоа во април оваа година и возилото на претставничката на стопанското одделение на грчката дипломатска мисија.

Во писмото на германски јазик, кое од средата кружи на Интернет организацијата како причина за нападите во Берлин ја наведува ситуацијата, во која се уапсени нивните истомисленици.

– Грчките партии и Парламентот им се одмаздуваат на демонстрантите, кои во 2008 година учествуваа во уличните немири и сега неосновано ги држат во затворите, наведуваат анархистите во писмото и порачуваат дека организацијата не сака повеќе тоа да го набљудува со скрстени раце.

Анонимен претставник на германската полиција изјави дека германските власти мошне сериозно гледаат на писмото и додаде дека случајот веднаш е префрлен до посебното одделение, кое се занимава со политички мотивирани криминални дела.

Зад името „Заговор на јадрата на огнот“, група, која е формирана во 2008 одина, се кријат истите луѓе од познатата терористичка организација „17 Ноември“, која официјално е распуштена.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Силен земјотрес во Грција

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени