Во Мексико прогласена тревога поради кражба на контејнер со радиоактивни материјали

Од:

Во централните делови на Мексико е прогласена трегова поради кражбата на контејнер со радиоактивни материјали од страна на засега непознати сторители, изјавија претставици на мексиканското Министерство за внатрешни работи.

Тие прецизираа дека ќе биде спроведена специјална операција за пронаоѓање на украдениот контејнер.

Специјално опременото возило, кое превезувало товар со иридиум – 192, наменет за индустриска употреба, било украдено во регионот на градот Антисапан де Сарагоса.

Властите ги предупредија граѓаните за опасноста од радиоактивните материјали и напоменаа дека контејнерот во никој случај не смее да се отвара.

Од декември минатата година во Мексико ова е трет случај на кражба на радиоактивни материјали, кои се превезуваат со специјални возила.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори