Меѓународен ден на задругарството

Од:

Македонија е прва земја во регионот која донесе посебен Закон за земјоделски задруги и целосно ги измени и комплетира потребните правилници за негово полесно спроведување.

Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, интересот за здружување на земјоделците е се поголем. Тие веќе ги препознаваат придобивките од заедничкото дејствување.

– Одговорот за силен, моќен земјоделец е во задругарството, во овој правец треба да се движи македонскиот аграр. Поголемо и поквалитетно производство, сигурен пласман, повисока поддршка од државата и поголем профит, се само некои од придобивките на кооперативното здружување, е ставот на Министерството.

Светот го одбележува Меѓународниот ден на задругарството, воспоставен од ОН како првата сабота од јули. Целта е подигнување на свеста кај производителите за кооперативно работење и јакнење на партнерството меѓу интернационалните задругарски движења и други организации, како и влади кои го поддржуваат ваквиот начин на функционирање во аграрот.

Меѓународен ден потсетува што задругите треба да сторат во насока на јакнење на светската економија и социјалниот развој.

По повод Денот, Меѓународната алијанса на задруги секоја година испраќа соодветна порака.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници