Буралиева: Се враќам во Собрание, ќе жалам ако ме исклучат од партијата

Од:

– Не се откажав од пратеничкиот мандат, но, не се откажувам ниту од концептот на партијата. Ќе настапувам опозоциски во Собранието – вели за А1он пратеничката Љубица Буралиева по донесената одлука да ја повлече оставката од пратеничката функција поднесена пред еден месец.

Засега Буралиева нема да присуствува на собраниските седници, но таа работи во нејзиниот кабинет во законодавниот дом, и како што вели, има намера да коминицира со граѓаните.

– Со мојот глас немам илузија дека нешто ќе променам, но, сепак, оној што ме поддржал сака неговиот глас да се чуе. Сметам дека народот нема сили да чека толку долго да падне овој режим. Сепак, жалам што другите пратеници одлучија да не влезат во Собрание. Јас не скршнувам од идејата на партијата и се уште сум нејзин член. Доколку СДСМ смета дека со излегувањето од колосек треба да ме исклучи од партијата, тоа е нејзино право за кое многу ќе жалам. Но, мојата партија има придавка „демократска“, што значи дека можам различно да мислам. Јас не сум од тие партиски војници кои ќе клима со главата и ќе вели „да шефе“ – изјави Буралиева.

Таа потврдува дека постојат притисоци од различни страни.

– Воопшто не станува збор за зародиш на пратеничка група. Нема никаков договор за преструктурирање на идејата за функционирање. Заради гласачите не би смеела да си го дозволам тоа. Јас сум за уривање на режимот, бидејќи не е добро со него. Посакувам да направиме промена за државата, во име на граѓанинот во чие име толку многу зборувавме и го убедувавме. Граѓанинот бара неговиот глас да го артикулираш во Собрание – вели Буралиева.

Љубица Буралиева е трета пратеничка по Роза Топузова – Каревска и Солза Грчева која одлучи да не ја почитува партиската одлука за бојкот на Собранието и да седне во пратеничката фотеља во законодавниот дом.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ покачувањето на платите не е приоритет

Горан Наумовски

СДСМ: Само Мицкоски и Чак Норис можат за два дена власт да донесат нова инвестиција

Горан Наумовски

Лефков: Филипче спроведе скандалозен тендер за стерилизација во 2019 година со контроверзна албанска компанија

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Македонија се претвори во Диз Запад, ВМРО-ДПМНЕ не расчисти ниедно убиство за шест месеци

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Не е до чергата, до приоритетите е, ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за работниците

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ