Дел од Кичево без вода за пиење

Од:

Повеќе од дванаесет часа северниот дел на Кичево е без вода за пиење. Без вода е селото Србица и други помали села поради дефект на водоводната цевка во месноста Жубрино.

– До крајот на денот снабдувањето со вода за пиење и во овој дел на Кичево се очекува да се нормализира. Екипите се на терен и работат на санирање на дефектот, кој избил во месноста Жубрино во главната водоводна цевка, во близина РЕК „Осломеј“, изјави директорот на ЈП „Комуналец“-Кичево Зенел Јонузи.

Тој апелираше граѓаните рационално да ја користат водата, а не за полевање.

Би можело да ве интересира

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух