ВИДЕО: Во Пакистан загинаа преку 200 луѓе во два пожари

Од:

Во пожарот на фабриката за текстил во Карачи загинаа 190 луѓе, додека во фабриката за чевли во Лахоре загинаа најмалку 25 луѓе, изјавија од полицијата.

Шефот на полицијата изјавил дека во Карачи се трага по сопствениците на фабриката. Тој изјавил дека 35 луѓе се повредени во фабриката за текстил и дека спасителите сеуште извлекуваат тела од фабриката во која имало 450 вработени.

Причината за пожарот во фабриката за текстил не е познат.

„Во рок од две минути, оганот ја зафати целата фабрика“ – изјави 29 годишниот работник Лиакат Хусеин, кој задобил изгореници по целото тело.

Тој додал дека вратите биле затворени и не постоела шанса да се извлечат.

Би можело да ве интересира

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани

Горан Наумовски

Активен е пожарот на планината Беласица меѓу селата Смоларе и Мокрино

Пожар во скопската населба Бутел 1, се запали кровна конструкција на барака