Бразилските власти соопштија дека во сообраќајна несреќа, загинала аргентинската спортска новинарка, Марија Соледад, која известуваше од Мундијалот.
Како што е соопштено тричлената новинарска екипа се враќала од Сао Паоло, кога возачот ја изгубил контролата над автомобилот и паднале во провалија.
Дваесет и шестгодишната Марија во тој момент испаднала од автомобилот и починала од последиците на повредата.
Останатите членови од екипата, се здобиле со повреди и се префрлени во болница.
Новинарите патувале од Сао Паоло, каде што Аргентина во вторник извојува победа над Швајцарија и се пласира во четвртфиналето.
Е. Г.