Ватикан официјално го призна Меѓународното здружение на егзорцисти, група од 250 свештеници од 30 држави кои се занимаваат со истерување на ѓаволот, пренесуваат медиумите.
Според пишувањето на католичкиот весник „Осерваторе романо“, Ватикан го одобрил статутот на организацијата и ја признал оваа група според црковното право.
Актуелниот Римокатолички поглавар папа Франсис, почесто од своите претходници го споменува ѓаволот. Минатата година тој е забележан како става рака врз главата на еден човек, кој наводно бил опседнат со демони.
Претседателот на здружението, свештеникот Франческо Бамонте, ја поздрави одлуката на Ватикан и рече дека „егзорцизмот е облик на добрина кон луѓето кои страдаат“.
Е. Г.