Раониќ последен полуфиналист на Вимблдон

Од:

Канадскиот тенисер Милош Раониќ е последниот полуфиналист на Грен слем турнирот Вимблдон. До првото свое полуфинале на големите турнири Црногорецот со канадски пасош стигна по победата над Ник Киргиос (Австралија) со 3-1 во сетови 6:7, 6:2, 6:4 и 7:6.

Во меч кој траеше два и пол часа Раониќ го елиминира досегашното најголемо изненадување на турнирот, тенисерот кој во претходната фаза беше поуспешен од првиот светски рекет Рафаел Надал (Шпанија).

Противник на Раониќ во полуфиналната фаза ќе му биде Роџер Федерер (Швајцарија) кој во четвртфиналето го победи сонародникот Станислас Вавринка.

Во другото полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ (Србија) и Григор Димитров (Бугарија).

Денеска на Вимблдон во машкиот дел од турнирот е пауза. Ќе се играат полуфиналињата кај тенисерките, како и мечевите во двојки.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров