Денеска е Св. Наум Охридски

Од:

Свети Наум е најблискиот соработник на Свети Климент првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник.

Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро. Овој манастир е денешниот Св. Наум.

Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по Јулијанскиот календар).

Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи неговиот празник за време на летото, на денешен ден.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите