Протест против загадувањето од скопска железарница

Од:

Граѓани од населбите кои гравитираат кон скопската железарница со блокирање на влезот на фабриката организираа протест против, како што велат, постојаното испуштање отровни гасови во воздухот, што редовно се случува рано наутро или во доцните попладневни часови.

Тие бараат итно поставување на филтри на оџаците на фабриката „Макстил“ или во спротивно таа да престане со работа.

Освен блокадата на влезот на фабриката, граѓаните ја блокираа и главната крстосница во населбата Автокоманда.

На ваков начин, посочуваат тие, сакаат да го свртат вниманието на јавноста и на власта за да се преземат мерки за спречување на загадувањето.

Не сме против работењето на фабриката, велат граѓаните, бидејќи таму има луѓе кои се вработени и егзистираат од таа работа, но само бараме да се постават соодветни филтри кои ќе го спречат загадувањето.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

A1on

Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Анита Петровска Рајковиќ

Притвор за двајцата приведени за убиството на лекарот во Железара

Анита Петровска Рајковиќ

Убиство пред Поликлиниката Железара во Скопје: Доктор избоден со нож

A1on

Железарци ги засилуваат протестите до надлежните: Запрете го возачкото дивеење на „Коце Металец“

Жарко Настоски

Повеќе фирми во кругот на „Железара“ работат незаконски, утврди инспекцијата

Жарко Настоски