Америкаците го поздравија договорт за автопатот Приштина-Блаце

Од:

Американската Aмбасада во Приштина го поздрави договорот меѓу косовската влада во заминување и американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за изградба на автопатот Приштина-премин Блаце на косовско-македонската граница или како што уште се нарекува Патот 6.

Во соопштението од Aмбасадата се оценува дека реализацијата на овој проект ќе придонесе во економскиот развој на Косово.

„Американската Aмбасада го поздравува успешното заокружување на договорот меѓу Владата на Косово и „Бехтел-Енка“ за зградба на патот 6, што е резултат на еден транспарентен процес. Бехтел е едно од најуспешните американски претпријатија кои делуваат во регионот и се занимава со изградба на безбедни и многу квалитетни патишта, со виоски инжинериски стандарди. Патот 6 ќе услови раст на трговијата и туризмот во Косово и ќе донесе нови економски можности за регионот, стои во соопштението.

Министертсвото на инфраструктура на Косово и американско турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ кој беше избран како најдобар понудвач на тендерот потпишаа договор тежок 820 милиони долари за изградба на споменатиот автопат во должина од шеесеттина километри. Изградбата треба да заврши за 42 месеца, а максимално дозволената брзина на автопатот ќе биде 120 километрина час.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица