Вимблдон ќе фобие нов шампион откако бранителот Енди Мареј од Шкотска загуби од Григор Димитров од Бугарија со 3:0.
Тој во полуфиналето ќе игра против Новак Ѓоковиќ или Хрватот Марин Чилиќ, меч кој е во тек.
Во второто полуфинале ќе играат подобрите од четвртфиналните мечеви меѓу: Швајцарците (4) Роџер Федерер и (5) Станислас Вавринка, односно (8) Милош Раониќ од Канада и 19-годишниот Ник Киргиос од Австралија кој вчера направи сензација со елиминацијата на Рафаел Надал.