Кошаркарите ги почнаа подготовките за квалификациите за Евробаскетот

Од:

Селекторот Александар Џикиќ денеска со 13 кошаркари ги почна подготовките на македонската репрезентација, за настап во квалификациите за Европското првенство 2015. Во наредните денови се очекува приклучување на уште неколкумина играчи кои ќе влезат во конкуренција за конечниот список за Квалификациите.

– Иако очекуваме уште неколку кошаркари да ни се приклучат на подготовките во наредните денови, веќе почнавме со работа според планот. На почеток се фокусираме на враќање на тимот во тренинг и натпреварувачка форма, со оглед на тоа што играчите имаа подолга пауза по завршувањето на клупската сезона.

По првиот тренинг можам да кажам дека сум задоволен од пристапот и од мотивацијата со која играчите влегуваат во овој процес на редовни тренинзи. Имаме и неколку помлади кошаркари во тимот, од кои имам позитивен впечаток за почеток, го прифаќаат она што го барам од нив и знаат дека не очекува период во кој ќе се работи напорно. За останати детали е се уште многу рано, така што останува да се држиме на предвидениот ритам на тренинг и да ја следиме и константно да ја унапредуваме формата на играчите, изјави Џикиќ по првиот тренинг.

Според планот на подготовки, репрезентацијата ќе тренира по два пати дневно во Скопје до 10 јули, по што тимот ќе се пресели во Охрид каде ќе го одигра првиот од двата подготвителни турнири, на кој Македонија ќе игра против Романија, Грузија и Австрија.

Тие натпревари се предвидени да се играат од 16 до 18 јули, по што репрезентацијата повторно се враќа во Скопје.

Квалификациите за Евробаскетот почнуваат на 10 август, кога на домашен терен ја пречекуваме Белгија. Покрај Македонија и Белгија, во нашата квалификациска група се уште и Белорусија и Данска.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос