„Франс прес“ пренесе дека причина за несреќата на товарниот авион „Фокер 50“, кој рано утрово по полетување од меѓународниот аеродром во Најроби,се урна врз две канцеларии од зграда, во квартот Утауала при што загинаа сите четири члена на екипажот, е контакт со електричен столб.
Инаку како што пренесе француската агенција, авионот пренесувал дрога за џвакање кхат, која предизвикува еуфоричен ефект.
Дрогата се произведува во источна Африка, каде што ја конзумира локалното население, а се ивезува и во некои европски држави, каде што ја употребуваат доселеници од Етиопија, Кенија и Сомалија.
Е. Г.