МЗТ Скопје во АБА лига сигурен до 2016 година

Од:

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром и во следните две сезони ќе биде македонски претставник во регионалната АБА лигата.

Ваквата одлука денеска ја донесе раководството на регионалната Јадранска лига, кое го гарантира местото на македонскиот шампион се до сезоната 2015/2016 без разлика на пласманот во домашното натпреварување.

Воедно беше усвоен и нов систем на доделување на местата во лигата. Така Србија и Хрватска и понатаму ќе имаат најмалку по три претставници, Словенија два, а Босна и Херцеговина еден. Покрај македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром и екипата на Будуќност, ќе добие посебна покана.

Место во АБА-лигата за сезоната 2015/16 има и за бугарски Левски и за унгарски Шолнок, но само ако тие ги исполнат условите за учество во регионалното натпреварување.

Дополнителна вајлд-карта ќе биде доделена на една од четирите национални федерации, и тоа според коефициентот на успешност на екипите во претстојната сезона.

Промени има и системот на натпреварување и тоа веќе за следната сезона. Така наместо шампионот на АБА лигата да се решава на завршен фајнал-фор турнир, тој сега ќе биде добиен по одигрување на плејоф натпревари и тоа почнувајќи од полуфиналната рунда.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос