Уставниот суд на Косово одлучи денеска дека мандаторот за состав на влада на Косово го добива партија, односно предизборна коалиција што освоила најголем број гласови.
Во одлука на Судот се контатира дека по поимот „политичка партија или коалиција“ се подразбира политичка партија или коалиција која е регистрирана со Законот за општи избори и учествува како изборен субјект.
Во одлуката се истакнува дека партијата или коалицијата што добила мнозинство во Собранието подразбира партија или коалиција која има најмногу места во Собранието.
Претседателот според Уставот, предлага на Парламентот кандидат за премиер, предложен од партија или коалиција што има најмногу места во Собранието