Цинкот и оловото од „Трепча“ ќе го купуваат швајцарски и бугарски компании

Од:

Една бугарска и една швајцарска компанија ќе го купуваат оловниот и цинков концентрат кој се произведува во комбинатот „Трепча“.

Се предвидува да се произведат околу 13 илјади тони концентрат на олово и цинк за една година, кои на Трепча ќе и донесат приход од околу 15 милиони евра.

Нефункционирањето на металургијата во Косово, условува финалниот производ во комбинатот да биде концентратот на овие два метала.

Финансиската вредност на оловниот концентрат е пониска за 30 отсто од цената на оловото на берза или околу 60 отсто пониска од цената на цинкот на лондонската берза.

Толку е загубата на Косово во неможност да го функционализира секторот за преработка на конентратот до финален производ – чисто олово и цинк. Се проценува дека рудникот „Трепча“ располага со 63,3 милиони тони олово- цинкова руда.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица