Киев обвини пет проруси за обид за саботажа

Од:

Украинската служба за безбедност СБУ, соопшти дека привела пет лица кои се обидувале да кренат во воздух воз, кој пренесувал воен материјал на подрачјето на Харков ,на исток во Украина и тоа неколку часа пред истекување на прекинот на огнот.

Уапсените Украинци од Харков се фатени на дело, изјави за „Франс прес“ портпаролот на локалниот огранок на СБУ, Владислав Абдула.

-Тие работеле по директива на локалниот шеф на проруските сили во Доњецк, Игор Безлер, наречен Демон- додал Адбула.

Според наводите на СБУ, Безлер е идентификуван како руски државјанин , кој бил на воена обука во една единица на разузнавачките служби.

СБУ објави и фотографии на кои се гладаат уапсените, а покрај нив наводно се наоѓаат 400 грама ТНТ и детонатор. Во нивните домови се пронајдени уште 1,5 килограми експлозив.

Разузнавачката служба наведе дека на уапсените ќе им биде судено, поради формирање терористичка група. Инаку подрачјето на Харков, кој се граничи со Доњецк и Луганс досега беше поштедено од судири.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала