Претседателот на МКФ Димевски на иста релација со македонските кошаркари

Од:

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски, е на иста релација со кошаркарите кои денеска најавија дека ќе ја бојкотираат репрезентацијата на Македонија.

Ваквата реакција уследи откако Здружението на кошаркари во Македонија, утринава преку соопштение најави бојкот од страна на репрезентативците кон националниот тим, по што беше остварената и средба со раководството на федерацијата.

– Ја разбирам загриженоста на домашните играчи погодени од новото правило за настап на шест странски играчи и во целост го делам нивното мислење дека тоа правило долгорочно може да нанесе сериозна штета, најмногу на идните потенцијални репрезентативци, се вели во соопштението упатено до јавноста од страна на претседателот на МКФ Димевски.

Иако препораката на Стручниот Совет при МКФ, речиси беше идентична како и барањето на играчите, сепак мнозинството на клубови немаа слух и разбирање за ситуацијата, па го изгласаа правилото за шестмина странци без никакво ограничување, меѓу другото пишува во соопштението.

Сепак радува фактот што повеќето од клубовите, свесни за деликатноста на проблемот, искажуваат спремност за дебата и преиспитување на истото решение во интерес на сите инволвирани во македонската кошарка.

Димевски апелира да не се злоупотребува репрезентацијата како алатка или предмет за остварување на било чиј интерес.

– За националниот дрес се игра и се гине ако треба. На сите треба да им е јасно дека без успехот на репрезентацијата, никој не би бил тоа што е и затоа барам тоа од сите да се почитува. Очекувам од сите сериозно да ја сфатат ситуацијата. Од играчите, да ги почитуваат своите репрезентативни обврски, а со клубовите и со сите други чинители на кошарката, уште еднаш заеднички да најдеме квалитетно решение кое ќе биде во интерес и на играчите и на клубовите, а пред се, во интерес на иднината на македонската кошарка, додава Димевски.

Како ќе се развива ситуацијата останува да се види веќе утре во 10 часот во салата „Борис Трајковски“ за каде е закажана првата прозивка на играчите кои се најдоа на поширокиот список на новиот селектор Александар Џикиќ.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос