Организацискиот одбор Рио 2016 претстави службени пиктограми што ќе се користат на следните Олимписки игри. Секој олимписки и параолимписки спорт за првпат е индивидуално прикажан.
Пиктограмите ги разви ин-хаус дизајнерски тим, а втемелени се на визуелен јазик кој го постави Далтон Мааг со својот дизајн за службено писмо Рио 2016. Интересно е да се спомене дека тоа писмо се темели на некои познати знаменитости на градот.
Секој од пиктограмите е сместен во округол (т.н. камен) облик кој е дел од визуален јазик на самите игри, а кој со обликот се прилагодува зависно од спортот на кој се однесува.