Груевски: Што чекаше Црвенковски 15 години?

Од:

На синоќешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Чешиново-Облешево премиерот Никола Груевски кажа дека СДСМ води лицемерна политика која граѓаните ќе ја казнат на следните избори.
Груевски пред присутните симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ праша зошто СДСМ досега не ја интегрирале земјата во ЕУ и НАТО.

„Што чекаше Бранко Црвенковски и СДСМ во изминативе 15 години? Зошто не ја внесоа Македонија во ЕУ и во НАТО и не го решија проблемот со името? Тоа се лицемерни политики што граѓаните ќе ги казнат на следните избори“, рече Груевски.

На трибината на ВМРО-ДПМНЕ, тој рече дека Македонија останува на патот за влез во ЕУ и НАТО, но без да се наруши или уништи македонскиот идентите и јазик, за кое што, како што рече нашите претци војувале.

„Договорот пред да се потпише со јужниот сосед Грција мора најпрвин да помине на референдум“, рече Груевски.


 

 

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните