Снимател на руска телевизија загина во Украина

Од:

Анатолиј Клијан (68), снимател во руската телевизија „Канал еден“ ноќеска загина во Доњецк, на исток на Украина и тоа е трет медиумски работник од Русија, кој го изгуби животот од почеток на судирите.

Во соопштенитето кое што е објавено на интернет страниците на руските медиуми, се наведува дека Клијан бил повреден во стомак, откако на неговата екипа бил отворен оган во близина на местото каде што биле распоредени украинските сили.

Килијан снимал репортажа во регионот на Доњецк, каде што заедно со група руски новинари требало да снима разговори со мајките на војниците кои дошле да побараат од своите деца да се повлечат од подрачјата, кои што се зафатени со конфликти.

-Клијан загинал кога на група луѓе, кои излегувале од автобус, бил отворен оган- пишува во соопштението и се додава дека во тој момент е повреден и возачот на новинарите, но дека тој се наоѓа во болница.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала