Француската банка БНП-Парибас ја очекува американската казна од 9 милијарди долари

Од:

Француската банка БНП-Парибас денеска ја очекува рекордната казна од американскиот суд од 9 милијарди долари, односно 6 милијарди евра, казна која може да има тешки последици за банката, но и за билатералните односи, јавува дописникот на МИА од Париз.

Оваа финансиска казна е досега највисока во историјата, која САД ќе и ја изречат на  странска банка.

БНП-Парибас е виновна поради нејзините трансакции во долари кон земји кои се изложени на американските санкции, како Судан, Иран и Куба меѓу 2002 и 2009.

БНП-Парибас се согласила да ја плати казната, која всушност претставува едногодишниот профит на најголемата француска банка.

На БНП-Парибас покрај паричната казна ќе и биде забрането да врши трансакции во долари во текот на целата 2015 година.

Оваа втора санкција ќе ја погоди тешко банката, бидејќи тука се најдоходовните трансакции за нафтата и гасот.

Признавањето на вината од БНП-Парибас ќе го избегне нејзиното појавување пред американскиот суд.

Францускиот претседател Франсоа Оланд за ова зборувал со Барак Обама на почетокот на јуни, но неуспешно, бидејќи американскиот претседател одбил да интервенира. Француските власти не ја оспоруваат легитимноста на санкциите, туку тие бараат истите да бидат „праведни и пропорционални“. Ова беше побарано од министерот за економија Арно Монтебург, исто како и од шефот на дипломатијата Лоран Фабиус кои сметаат дека оваа афера ќе се одрази во преговорите кои се водат меѓу ЕУ и САД.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето