Во Сеул денеска е соопштено дека Националната комисија за одбрана на Северна Кореја испратила официјално барање за прогласување на прекин на непријателствата со Јужна Кореја. Изненадувачкиот предлог на Пјонг Јанг доаѓа на три дена пред почетокот на посетата на кинескиот претседател Кси Џипенг на двете Кореји. Пјпонг Јанг предлага објавата за прекин на непријателствата да се случи во текот на оваа недела.
Предлогот од страна на Северна Кореја доаѓа по големите персонални промени во армискиот врв на таа држава и серијата проби со ракети од среден домет од страна на Пјонг Јанг.
Кинескиот претседател Џипенг по дводневен престој во Сеул ќе биде во посета на Северна Кореја. Кина се смета за сојузник на Северна Кореја, а политичките аналитичари во регионот сметаат дека предлогот за прогласување на прекин на непријателствата е резултат на посредувањето на кинеската дипломатија.