Повторно демолирано возилото на уредникот на Оhridsky

Од:

Синоќа, околу 22,30 минути, на улица „Партизанска „во Охрид, пред НЛБ Тутунска банка, повторно бил извршен напад врз возилото на главниот и одговорен уредник на Оhridsky.

Со цигла било скршено предното десно ветробранско стакло, при што дел од предметот со кое е извршено кривичното дело бил веднаш до менувачот, а другиот дел пред самото возило, јави порталот.

Во изминативе две недели ова е шести напад врз возилото на главниот и одговорен уредник на Оhridsky, Сашо Денесовски, со што, велат, сериозно се загрижени за безбедноста на уредникот.

„При шест последователни напади од кои четири беа, во рок од четири дена едно по друго, неразбирливо е како охридскиот СВР и МВР на не можат да ги пронајдат сторителите ,или пак свесно не сакаат. Повторно ја повикуваме министерката Гордана Јанкуловска и МВР да ги пронајдат сторителите на кривични дела. До сега се предадени материјали од безбедносните камери од домот на уредникот , на барање на Крим техника со оглед на фактот што немале драјвери да ги прегледаат снимките, уредникот им ги предаде и драјверите, но сепак видео записите не се обаработени.

– Почитувана Министерке Јанкуловска, зарем треба уредникот да погине , па тогаш да реагирате? Нели сте поборник за правна држава и еднаквост ?Зошто тогаш го дозволувате сето ова , кога од страна на уредникот се посочени можните извршители и нарачателката на извршените кривични дела , која упорно се повикува дека е лична пријателка на Директорот на УБК , г-дин, Сашо Мијалков и дека никој не и можел ништо, пишува порталот.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион