Американската вселенска агенција НАСА денеска ќе се обиде да лансира летало слично на летачка чинија, со цел да се тестира технологијата која во иднина би можела да се користи за слетување на Марс.
Тестирањето неколку пати беше одложувано поради лошото време, односно силниот ветар. На островот Кауаи на Хаваи денеска повторно ќе се лансира леталото во облик на диск и голем падобран.
НАСА уште од 70-тите година на минатиот век го користи истиот тип на падобран за забавување на вселенските летала, за тие да можат подобро да се движат низ ретката атмосфера на Марс.