Оваа туристичка сезона во Албанија по многу нешта ќе се разликува од претходните за туристите кои одлучиле да ја посетат оваа земја, јави дописникот на МИА од Тирана.
Темелно чистење на плажите, авионско прскање против инсекти, кое не е направено дваесет години, подобрување на хигиенските услови и други активности ги превзеде Владата со цел привлекување што поголем број туристи.
Албанските власти објавија натпревар за избор на најдобри модели на набљудувачки кули, при што секоја плажа ќе има свој модел по кој ќе се идентификува. Чуварите на плажа, кои од овие кули ќе ги нављудуваат и чуваат капачите веќе се обучени. Станува збор за четириесеттина кои посетуваа Акедемијата за спортови во Тирана, на меѓународниот курс што го организираше Фдерацијата на крајбрежната стража на Црна Гора. Крајбрежната стража ќе биде распоредена долж целото албанско крајбрежје, од Црна Гора до Грција.
Во рамките на мерките за поголема безбедност на туристите продолжуваат и зајакнатите полициски патроли на крајбрежјето и сите патни правци, каде што фрекфенцијата на туристи е најголема. Според планот на Министертвото за внатрешни работи ќе бидат ангажирани 2.388 припадници на полицијата, пловни објекти и еден хеликоптер.
Албанија годинава очекува да ја посетат од три до 3,5 милиони домашни и странски туристи. Најголемиот бран туристи се очекува во периодот први јули до 15 август.