Црковниот суд го осуди поранешниот амбасадор на Ватикан во Доминиканската Република, Јозеф Весоловски поради сексуално злоставување и тој е расчинет.
Тоа е прва таква пресуда против некој од главните претставници на папата.
Весоловски може да поднесе жалба на пресудата.
Тој се соочува и со други обвиненија од кривичниот суд во Ватикан, бидејќи како дипломат тој е и граѓанин на градот-држава.