Барбора Захлавова Стрицова денеска го направи едно од најголемите изненадувања во досегашниот тек на Вимблдон.
Таа ја елиминираше втората носителка на турнирот, кинеската тенисерка Ли На.
Во долг и исцрпувачки меч кој траеше 2 часа и 22 минути и меч без многу шанси за брејк, што ретко се гледа и на машки дуели, Чехинката славеше со 2:0.
Захлавова во следната фаза ќе игра против Каролина Возниацки.