Џорџо Киелини изјави дека Луис Суарез е преостро казнет.
Дисциплинската комисија на ФИФА поради овој инцидент го казни Луис Суарез со 9 натпревари суспензија, четири месеци забрана за играње на фудбал и 100.000 швајцарски франци.
-Секогаш сметав дека треба да се почитуваат одлуките на надлежните органи , но сега мислам дека казната за Суарез е преостра. Се надевам дека ќе му биде дозволено да биде со соиграчите за време на Светскиот шампионат, бидејќи ваква казна го оддалечува фудбалерот од тимот, изјави Киелини.