Српскиот тениски ас и прв носител на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ во третото коло од тенискиот турнир во Лондон, против Жил Симон се повреди во третиот сет.
Тој при обид да стигне топка се фрли и лошо падна на рамото, по што побара медицински тајм аут при резултат 2:0 во сетови за него и 3:2 во третиот сет.
По тајм аутот тој продолжи да игра и во моментов го играат третиот сет, а делува неприметно дека има проблеми.