Во Охрид се заменуваат металните контејнери со пластични

Од:

Општина Охрид од денеска почна со замена на металните контејнери за отпад со нови платични. Проектот е на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, кое со сопствени средства набави 200 платични контејнери со капаци.

Директорката на претпријатието Елена Скрческа денеска информира дека пластични контејнери најпрво ќе се поставуваат во централното градско подрачје, со што ќе се намали ширењето на непријатна миризба.

– Контејнерите имаат капак и доколку граѓаните правилно го користат, односно отвораат и затвораат нема да се шири лоша миризби во околината. Во контејнерот нема да скокаат животни, кои досега најчесто го разнесуваа отпадот по улица, изјави Скрческа.

Таа упати апелт до граѓаните правилно да ги користат контејнерите и да се воздржат од ставање запалливи материи, пепел и жар.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид