Бакрачески контра Груевски

Од:

Локалната самоуправа во Охрид најверојатно спрема нови систематизации во јавните претпријатија, дознава А1ОН од извори во Општина Охрид. Со тоа, како што дознаваме планирано е да се намали и вредноста на бодовите, што практично би значело намалување и на платите на работниците, посебно на административците во тие претпријатија.

Од Одделението за односи со јавност во Општина Охрид не сакаа да одговорат на прашањата на А1ОН за тоа дали се спремаат нови систематизации и дали ќе се намалува вредноста на бодовите. Проблемот со превработеноста во јавните претпријатија во Охрид, Бакрачески очигледно сака да го решава со намалување на платите, а секојдневно се вработуваат нови партиски послушници.

Ова е со спротивност на политиките на премиерот Груевски и Владата на Република Македонија кои пропагираат зголемување на платите во администрацијата. Охриѓани незадоволни од работењето на новата локална власт коментираат дека ништо не е променето во работата на градот. Промените кои се ветуваа во изборната кампања на претходните локални избори се уште не се пристигнати во Охрид.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид