(ВИДЕО) Заев: Јас и Струмица сме горди домаќини на добри гости од Европа

Од:

Општина Струмица уште еднаш потврди дека е град на младите и спортот, а градоначалникот Зоран Заев дека е најголемиот нивни поддржувач. Под негово покровителство, Струмица деновиве е најголемото собиралиште во Македонија на младите спортисти од Европа. Вчеравечер, плоштадот „Гоце Делчев“ беше полн со спортисти од 33 земји на свеченото отворање на 14 – то по ред Европско првенство во спортска ориентација. Градоначалникот Заев, кој го отвори шампионатот, им посака срдечно добредојде и рече дека општина Струмица и понатаму несебично ќе ги поддржува ваквите и слични спортски собири.

-Нема поголемо задоволство од тоа, да се биде покровител на едно Европско првенство и во исто време да се биде татко на градот во кој истото се оддржува.

Токму поради тоа, прекрасно е чувството да се прифати големиот предизвик, Струмица да биде добар домаќин на добри гости. Неколку години наназад, Струмица е најголемото собиралиште во Македонија на млади европски спортисти, како домаќин на значајни спортски натпреварувања од европски ранг. Со тоа, на најубав можен начин покажа и докажа дека е град на младите и град на спортот. Убеден сум дека тоа ќе го потврди и во овие неколку наредни денови. Четирнаесеттото Европско младинско првенство во спортска ориентација, во организација на Македонската ориентациона федерација и Ориентациониот клуб „Еделвајс“ е несомнено, најмасовното европско спортско натпреварување кое се случило во долговековното постоење на нашиот град, но и едно од најмасовните спортски собири во државава. Искрено се надевам дека првенството ќе придонесе за уште поголема афирмација и популаризација на спортската ориентација кај нас и дека ќе биде запаметено како настан со извонредни спортски резултати. На сите натпреварувачи им посакувам успех во спортското ориентирање низ терените на нашиот град и регион, стекнување нови пријателства и убави спомени од Струмица, рече градоначалникот Заев.

Тој ги врачи и наградите на победницитие на првата спринт трка што се одржа по улиците на Струмица, а во која учествуваа 405 натпреварувачи, во категоријата до 18 години во машка и женска конкуренција, а од организаторот во знак на благодарност доби плакета за поддршката на европскиот шампионат.

На градскиот плоштад во Струмица, но и на локалитетот „Суви Лаки“ истовремено се одржуваат и трките од „Струмица опен 2014“ на кои учествуваат околу 400 натпреварувачи од 20 европски држави, а една трка ќе се бодува и во рамките на Светската лига во спортска ориентација.

Би можело да ве интересира

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

Загаден е воздухот во Струмица, власта предлага вонредни мерки

Горан Наумовски

Струмичанец и се заканувал на 39-годишната сопруга

Горан Наумовски