Роналдо е убеден дека наскоро Томас Милер ќе биде рекордер

Од:

Косопственикот на рекордот од 15 постигнати голови на Мундијалите Бразилецот Роналдо со кој неодамна се израмни Мирослав Клосе е убеден дека Германецот Томас Милер наскоро ќе го сруши нивниот рекорд.

„Милер наскоро може да биде сам на врвот на листата најдобри стрелци на Светските првенства’’, изјави Роналдо за германскиот весник Билд.

Свесен дека шанса да го мине има и Клосе кој веќе постигна еден гол на првенството во Бразил, Роналдо дополни: „На Клосе на ова првенство му требаше само еден гол да ме достигне, тој го направи тоа’’.

Инаку Томас Милер веќе постигна четири голови на Мундијалот. Во првото коло против Португалија постигна три, а вчера беше и стрелец во дуелот против САД.

Напаѓачот на Германија и минхенски Баерн досега на светските првенства има постигнато вкупно девет голови, а нова можност ќе има во понедленик кога Германија ќе го игра осминафиналниот меч против Алжир.

Би можело да ве интересира

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски