Молдавската полиција уапси две лица осомничени за „поттикнување активности од антиуставен карактер“ во пресрет на утрешното потпишуавање на договорот за асоцијација меѓу Молдавија и ЕУ, јави ИТАР-ТАСС.
Според Јавното обвинителство на Молдавија, двете уапсени лица, чии идентитет и национала припадност не се соопштени, претставувале „закана за државната безбедност и територијалниот интегритет на земјата“.
Молдавскиот премиер Јурие Јанка денеска отпатува за Брисел каде утре ќе присуствува на церемонијата на потпишување на договорите за асоцијација на ЕУ со Молдавија и со Грузија, како и на економскиот дел од асоцијативната спогодба меѓу Унијата и Украина.