Општинска поддршка за стремежот кон врвот

Од:

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска, 26 јуни, на свечен прием им ги врачи признанијата на десетте најдобри полуматуранти кои училиштата ги избрале за првенци на генерацијата. Покрај признанијата, најдобрите ученици ќе добијат и парични награди од 9.000 денари.

Низ опуштен разговор со општинскиот татко, десетте првенци-полуматуранти му ги соопштија на Јакимовски своите планови за понатамошното школување, а тој им посака успех и изрази надеж дека и други институции ќе најдат начин да ги стимулираат нивните подеми во образованието.

– Се надевам дека за четири години од сега, повторно ќе бидете првенци на генерација во средните училишта што сте ги одбрале. Имајте на ум дека градоначалникот и Општина Карпош и понатаму се зад вас, да ги поткрепат вашите достигнувања и да ви помогнат полесно да го достигнете врвот кон кој се стремите – им порача Јакимовски на десетте најдобри полуматуранти.

Целта на одлуката на Советот на Општина Карпош да им се доделат на учениците парични награди и признанија е да се мотивираат најдобрите ученици. На тој начин, Општината, како општествено одговорна институција, го стимулира напредокот кај учениците и ги мотивира за учества на натпревари, конкурси и изложби на државно и меѓународно ниво.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи