Порошенко: Русија да го поддржи мировниот план и со дела

Од:

Русија треба да го поддржи планот за надминување на кризата во Украина не само со зборови, туку и со дела, порача денеска украинскиот претседател Петро Порошенко во обраќањето пред членовите на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Сразбург.

Москва треба да го поддржи мировниот план на тој начин што ќе ги запре убиствата на цивили и војници и ќе ги спречи вооружените сепаратисти да ја преминуваат руската граница кон Украина, нагласи Порошенко.

Рускиот претстедател Владимир Путин вчера во заеднички телефонски разговор со Порошенко, со германскиот канцелар Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд повика на продолжување на прогласениот прекин на огнот во Украина кој важи до утре.

Во знак на поддршка на мировниот план, на иницијатива на Путин, Горниот дом на рускиот Парламент, Советот на Федерацијата вчера ја укина одлуката со која вооружените сили на Русија имаа овластување воено да интернвенираат на територијата на Украина.

Според последните проценки, во судирите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина во последните неколку недели загинале најмалку 300 лица.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала