Русија треба да ги повика проруските сепаратисти во Украина да се разоружаат во рок од неколку часа, рече денеска американскиот државен секретар Џон Кери, по состанокот со шефот на француската дипломатија.
-Во целост се согласивме дека е клучно, во следните неколку часа, Русија буквално да покаже дека прави чекори за да помогне во разоружувањето на сепаратистите, дека ги поттикнува да се разоружаат, дека ги повикува да го положат оружјето и да станат дел од легалниот процес, им рече Кери на новинарите во Париз.
Кери најави и дека лидерите на Европската унија, на претстојниот самит на ЕУ во Брисел, ќе разговараат за можните санкции против Русија.
-Сите сме согласни дека треба да се подготват, иако не им давеме првенство на санкциите. Сакаме да го видиме заедничкиот напор на САД, Европа и Русија и Украина, додаде Кери.