ФОТО: Скулптура како опомена за опасниот автопат пред Дебар

Од:

Денеска, точно напладне на магистралниот пат Маврово –Дебар, непосредно пред влезот во Дебар,група граѓански активисти, непосредно покрај патот поставија скулптура изработена од искршени и расипани автомобилски делови. Скулптурата е посветенана на уништените и искршени автомобили, чии делови настрадале на овој патен правец.

skulpturaDebar1

За последните десетина години заради ужасната состојба на овој автопат, направени се и над 30 собраќајни несреќи а во неколку од нив имаше и човечки жртви.

– Патниот правец за Дебар, иако претставува меѓународен патен правец кој преку граничниот премин Блато ги поврзува Македонија и Албанија и е крак од значајниот коридор 8 – е во ужасна состојба. Возењето по овој пат не се знае дали е поопасено за автомобилите или за нивните возачи. Секоја година на оваа делница се кршат преку 100 носачи на мотор, 150 бандажи, стотина спони и други делови на на возилата, а се случуваат и илјадници ситни дефекти.

skulpturaDebar

Патниот правец Маврово-Дебар е еден од пофреквентнитепатни правци бидејќи освен населението од овој дел од западна Македонија гокористат и жителите на соседна Албанија кои преку овој правец се поврзуваат накоридорот 10, како и огромен бројкамиони од цела јужна Европа кои секојдневно превезуваат гипс и гипсанипроизводи од фабриката на Австриски Кнауф сместена во Дебар.

Целта на поставувањето на скулптурата е да се сврти вниманието на јавноста на проблемот со уништениот пат со кој Дебрани подолго време се соочуваат, но и да ја потенцираме опасноста по возилата (секако илуѓето кои во нив патуваат) која демне од секоја дупка и која се заканува во секој момент да предизвика дефект или сообраќајна несреќа, вели Никола Писарев од Фото – Глас

skulpturaDebar5

Поставувањето на скулптурата е дел од проектот Фото-Глас, на Центарот за современи уметности од Скопје и проектот Граѓански Активатор на организацијата Плоштад Слобода.

skulpturaDebar2

Оваа иницијатива е во соработка со групата на граѓани од Дебар:Гоце Љубиновски Фламур Муладаути, Илми Куртиши, Бурхан Демири, Дритан Леши, Драгомир Симоновски, Ферхан Ајроски, Џевдет Мераимоски, Зунуни Тахир, Мирон Муладаути, Фатјона Поцеста, Едита Мела, Наташа Мартиновска, Арсим Амети, Јетлум Поцеста, Леонард Абазовски, Меритон Довољани, Шуип Марку, Деар Лимановски.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар

Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион