ЛГБТИ Центар за поддршка, вечерва во 19 часот организира форум на тема: „Хомофобијата е феминистичко прашање“, кој ќе се оддржи во рамките на Неделата на Гордоста.
Форумот е организиран од ЛезФем, лезбејско феминистичката група за поддршка во рамките на ЛГБТИ Центарот за поддршка. На форумот ќе земат учество говорници/чки од различни профили кои ќе го изнесат својот став на оваа тема. Целта на форумот е да се отвори дискусија меѓу претставниците/чките на невладиниот сектор (женски и ЛГБТИ организации), претставички на политичките партии и експертки на тема феминизам воМакедонија и женски организации, да се одговори на прашањето колку истите се вклучувачки за лезбејките и останатите ЛГБТИ лица, да се разговара за солидарноста и природното сојузништво на овие две движења.
Говорнички на форумот се:
Марија Савовска „Акција Здруженска“, Елизабета Шелева професорка на Филолошки
Факултет, Лидија Димова СДСМ, Силвана Бонева ВМРО-ДПМНЕ (непотврдено),
Славчо Димитров, „Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните
заедници“, Кристина Озимец, новинарка и Билјана Гинова „ЛезФем“
Модераторка: Драгана Дрндаревска, ЛезФем