Анализа на говорите на Груевски

Од:

Премиерот Никола Груевски во шест јавни настапи ниту еднаш не го употребил зборот „демократија“, а во неговиот наратив нема место ниту за синтагми како „нови слободи“, „нови права“, „нови демократски алатки на располагање“, пишува во третиот извештај на НВО инфоцентарот насловен како „Кој е народот на Груевски“, што претставува дискурзивна анализа која се темели врз шест јавни обраќања во 2013 – та и 2014 – та година и популизмот што е користен во говорите.

„Македонија“, „народот“, „нови“, „држава“, „работа“, „проекти“, се најчесто употребувани зборови на Груевски при настапите во јавноста, а зборовите „СДСМ“, „Заев“ „Црвенковски“, ги употребувал исклучиво во негативен контекст.

gruevski

– Кога настапува како толкувач на трауматичен или конфликтни настани (како, на пример, случувањата од 24 декември 2012 година и извештајот на Анкетната комисија) во својство на партиски лидер или народен трибун, говорите на Груевски ги содржат сите елементи на популистичка мобилизација. Притоа, во овие говори доминира употребата на термините „народ“ и „СДСМ“, кои одат рака под рака, затоа што нема „народ“ без „непријател на народот“, односно непријателот е најважниот заеднички содржател кој претставува сврзно ткиво на популистичкиот дискурс. Народот кај Груевски не е јасен термин, туку збор кој треба да мобилизира, да понуди идентификација преку будење на емоциите кај публиката. Притоа, мобилизацијата не е базирана на рационални аргументи, туку на теми кои се морализаторски (и блиски до „народот“), длабоко емотивни и преполни со фантазми. За Груевски народот е мнозинството кое му ја дало довербата на изборите и за него тој е финална инстанца за секаков морален, правен или политички суд. На ваков начин, Груевски ја „пресретнува“ можноста да се промени значењето на настаните, на пример, случувањата на 24 декември, и со тоа не дозволува да се доведат под прашање односите на моќ и целата општествена стварност во која постои силен култ за неговата непогрешливост, непобедливост и бескомпромисност. Во овие говори „народот“ им отстапува место на „граѓаните“ и на „новото“. Сепак, доколку одблизу се анализира кои се всушност „граѓаните“ на кои им се обраќа Груевски, станува јасно дека тој воопшто не мисли на сите граѓани. Тој најчесто им се обраќа само на дел од етничките Македонци, додека во неговите говори нема место за некаков поширок плурализам, односно за други различни општествени идентитети, како, на пример, ЛГБТ, опозиционери, либерали, активисти, независни новинари, критичари и др. СДСМ – „непријател на народот“ – се вели во анализата.

Според анализата, премиерот Груевски за СДСМ ги користи термините како „лов во матно“ и „изгубеност во времето и просторот“, а на раководството на оваа партија му забележува дека „бегаат од избори како ѓавол од темјан“. Кадровските промени во опозициската партија и новото раководство на СДСМ, Груевски ги портретирал како „бранкова гарнитура“.

LIDERI-2-Gruevski

– Груевски користи жаргонски говор кога го спомнува Бранко Црвенковски. Критикувајќи го Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ за претседател на државата на претседателските избори во 2014 година, Груевски тврди дека Бранко Црвенковски му бил „ментор, шеф, гуру и идол“. А „шефот“, односно Бранко Црвенковски, во говорите на Груевски е портретиран како „манипулант“, „сплеткарош“, „интригант“, кој не бил претседател на Македонија, туку „ја узурпирал таа функција“. Употребата на „новото“ во реториката на Груевски е дел од осмислена популистичка политичка стратегија, која има за цел политичкиот простор во Македонија да го портретира како поле на борба меѓу „новите“ (добрите, вредните, народните, обичните, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ) и „старите“ (лошите, мрзеливите, елитистичките, себичните, Бранко Црвенковски и СДСМ) политички сили.

gruevski-raka

Благодарение на медиумската поддршка и внимателно создадената комуникациска стратегија, во 2006 година Груевски стана симбол за „нов и модерен политичар – технократ“ од кој се очекуваше да расчисти со „старото“. Со други зборови, доколку повиците за „нешто ново“ го симболизирале барањето за промена на системот, Груевски успеа овој лебдечки означувач да го присвои и реинтерпретира во своја полза. Со текот на времето, задачата на стратезите да го претставуваат Груевски како нешто „ново“ станува „ѓаволски“ тешка работа. Од говорите на премиерот е очигледно дека „новите лица“ веќе не му се доволни на народот, па тој сега од лидерот бара и „нови проекти“, и „нови фабрики“, и „нови можности“, и „нови вработувања“, и „нови покачувања на социјалната помош“, и „нови зголемувања на…“, и „нови машини“, и „нови патишта“ – пишува во извештајот.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески